Трајковски: ДПМНЕ не гласаше за иградба на модерен парк во Битола

  • Реакција на Гаврил Трајковски, член на Советот во Општина Битола при политичката партија Левица

Поинаку и ДПМНЕ во суштина се прават дека немаат компас.

Вчера на комисијата за урбанизам прашав, што планираат да има на просторот кај ЈАТ?

Не знаеа да ми одговорат што точно ќе има на тоа место. По ДУП било катна гаража но граѓаните не сакаат таму да има катна гаража па ајде ќе правеле паркинг, не паркинг ќе ставиме бехатон плочки, партерно уредување, клупи. Добив три различни одговори.

Денес им дадовме предлог иницијатива:
Советот на Општина Битола да донесе одлука за промена на ДУП и изградба на модерен парк на парцелата кај ЈАТ!

И замислете не ја гласаа!

Левица во својата програма има предвидено зеленило и паркови, па оттука сметаме дека на Битола и фалат зелени површини. Со цел да го разубавиме и зазелениме просторот кај ЈАТ, Левица предлага промена на ДУП-от од катна гаража во модерен парк со зеленило и посебни места одредени за детски реквизити, клупи, катче за миленици, фитнес справи и слично. Оваа одлука е од големо значење за Битола и битолчани затоа што на Битола и фалат зелени површини!

Зелената агенда за Битола не ја поддржаа колегите од ДПМНЕ и Поинаку!