АктуелноЛокално

Апасиев: Снабдување со струја е оставено на немилоста на приватните профитери

Енергетската криза која е резултат на лошата политика во оваа област што трае во континуитет повеќе од 20 години, дополнета со надворешно-политички одлуки кои дополнително го попречуваат снабдувањето се енергенси, неминовно е главен проблем кој ни претстои како во моментов, така и во зимата која допрва доаѓа.

По приватизирањето на тогашната ЕСМ спроведено од СДСМ, тогаш на чело со Владо Бучковски, ЕВН стана компанија која непрекинато профитира и го зголемува својот капитал и доход исклучително на грбот на граѓаните. Денес, петнаесетина години по приватизацијата на оваа компанија, при првата поголема енергетска криза, државата е во ситуација да не може да ги подмири трошоците за обезбедувањето на електрична енергија за болниците, школите, градинките и останатите јавни објекти.

Во насока на овој проблем Владата предводена од СДСМ и ДУИ делува прилично незаинтересирано за тоа како овие установи ќе се снабдат со електрична енергија, за што вели дека е нивен проблем, Лидерот на Левица, Димитар Апасиев предложи да се основа јавно претпријатие за снабдување на струја на општествено-користни-субјекти.

Лани, во просек, едно УЧИЛИШТЕ плаќало по 300 ЕУР за струја. Годинава плаќа по 3.000 ЕУР!?

Левица вика: мора да се основа јавно претпријатие за снабдување со струја на општествено-корисни субјекти (школи, градинки, сали, болници, јавни институции), а не да бидат оставени на немилоста на приватните профитери!

Владата вика: снајдете се! Тоа не е наш проблем.