АктуелноЛокално

ДУИ ја саботира народната волја за референдум

ДУИ денеска одржа прес-конференција, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја отфрли рефенедумската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

ДУИ тврди дека станува збор за меѓународен договор и според Уставот и неговото правно дејство не може да се менув, изјави меѓу другото. на прес-конференција шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми.

„Иницијативата за организирање на референдумот е спротивна на Уставот на Република Северна Македонија и е отфрлена бидејќи Уставот, како највисок правен акт, е многу јасен.

Само за потсетување, во член 118 е предвидено дека потпишаните меѓународни договори кои потоа се ратификуваат се дел од внатрешниот правен поредок и не можеме со закон да ги менуваме.

Демократската унија за интеграција ја повикува опозицијата да го прифати и поддржи Договорот за добрососедство со Република Бугарија, кој е меѓународен договор и според Уставот, неговото правно дејство не може да се менува“, рече Адеми.

Според ДУИ, опозицијата намерно ја смислила и испорачала иницијативата на правно неодржлив начин за организирање на референдумот, со единствена цел да биде отфрлена и во исто време да се создадат поделби и тензии меѓу граѓаните.

„Префрлањето на одговорноста на граѓаните бара алиби за сите неуспеси овие години и погрешно усогласување со регресивните сили со сеење магла и оспорување на Договорот што придонесе за членство на државата во НАТО.

Во време на најголемата економска и енергетска криза, во пресрет на тешка и неизвесна зима која не чека само нас туку и цела Европа, крајно неодговорно и недозволиво е да се потрошат 8 милиони евра за организирање на референдумот, само за да станете дел од големата измама на опозицијата“, додаде Адеми.

Извор: faktor.mk