(Видео) Најава за фестивалот „Звукот на Скопје“
Фестивалот ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ ќе се случи на на 16 и 17 септември на плоштадот „Мајка Тереза“. Во рамки на првата вечер од фестивалот, кога ќе настапи и хедлајнерот на фестивалот КОНСТРАКТА, ќе се развие еко-концептот заедно со компанијата „Пако-мак“. Погледнете ги изјавите на директорот на Културно информативниот центар – Скопје Антонио Димитров и претставникот Ико Брдароски од „Пако-мак“.
„Убаво е чувството кога две традиции ќе се спојат во една, „Звуците на чаршијата“, сега „Звукот на Скопје“, се одржува веќе 16 години, а нашиот концепт „Sound of green“ се реализира по десетти пат годинава и одлучивме заедно и партнерски да работиме со КИЦ. Идејата е да има добра забава, но и едукација на младите за екологија и за селекција на отпад. Влезницата за тој концерт ќе биде едно пластично шише или една лименка. Бендовите, добрата музика и забавата ветуваат дека ќе привлечеме публика и да испратиме еколошка порака од целиот фестивал.