АктуелноЛокално

Левица: Анти-владини протести против систематското уништување на сточарството

  • Реакција на Левица – Земјоделски сектор

Поради катастрофалните политики на министерот Љупчо Николовски, денес одгледувачите на овци протестираа пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

И покрај притисоците и заканите дека на сточарите што протестираат нема да им се исплатат субвенциите, сепак протестот се одржа;

Иако министерот Љупчо Николовски претходно се фалеше дека оваа година, со ребалансот на буџетот, ќе се исплатат сите заостанати и тековни субвенции во сите гранки во земјоделието, одгледувачите на овци ја чекаат исплатата на субвенциите за 2021 година, чиј рок за исплата веќе е одамна поминат.

Дополнително, додека свињарството се соочува со свинска чума, наместо Владата да им помогне на сточарите со соодветни и навремени мерки, таа, како и многу пати до сега, маката на земјоделецот е ставена зад интересот на трговецот.

Заменик-претседателот за економски прашања, Фатмир Битиќи, сака да истурка штетна мерка за безцарински увоз на смрзнато свинско месо.

Наместо потрошувачите да конзумираат свежо домашно месо, тие ќе бидат изложени на наезда на смрзнато месо со сомнително потекло и уште посомнителен квалитет.

Додека производителите на свинско месо прашуваат колку тони на месо се увезени и каде завршиле истите и кој тоа има интерес да го докусури македонското производство на свињи, експертите исто така предупредуваат дека ваквиот потег на Владата ќе биде економска катастрофа за секторот свињарство, кој тежи околу 200 милиони евра.

И не само што е доведена во прашање економската успешност на секторот, туку и здравствена исправност и безбедност на храната е претпоставена на интересот на неколку увозници.

Најскандалозно е тоа што преработувачите и до сега имаа можност половина од своите потреби да задоволат со безцарински увоз, но тоа не им е доволно, па бараат целосна либерализација на штета на домашните производители.

И додека Битиќи ја форсира промената на законските одредби МЗШБ молчи. Сведоци сме како оваа ненародна власт ја фаворизира благосостојбата на трговците и преработувачите, а не на производителите.