АктуелноЛокално

(Видео) Богевски: Наместо бесплатни градинки, Јанчев најави поскапување на градинките

Одлука по иницијативата на Советникот Круме Богевски за ослободување на децата во Градинката ,,Рада Поцева” од партиципација не беше донесена и покрај иницијалната поддршка од страна на сите политички партии во Советот на Општина Кавадарци!

На денешната седница членот од редовите на Левица, Круме Богевски го повика Градоначалникот Митко Јанчев да заедно со Управата на ЈОУДГ ,,Рада Поцева” и централната власт на СДС и ДУИ објаснат зошто не се формираа услови за реализирање на ова ветување!

Во таа прилика Градоначалникот не само што ја образложи економската ситуација во која мора да се одложи реализацијата на ова ветување, туку и најави поскапување на услугите за децата згрижени во ЈОУДГ ,,Рада Поцева” во Кавадарци!

Апелираме на поголема внимателност и сериозно евалуирање пред давање публицистичка димензија на едно ветување, особено кога станува збор за социјална политика!

Левица останува единствен поборник кој до последно ќе ги користи сите механизми од Советите и од Парламентот за спречување на зголемувањето на цените на услугите од Јавните Претпријатија и институциите под надлежност на Локалната Самоуправа!