АктуелноЛокално

Исмаил: Непочитувањето на законите во Арачиново се поима како „етничко право на албанците”

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил – Хактан – Член на Президиумпт на Левица

Колку се ДУИ криминогени, толку се и националисти/сепаратисти, и тоа е вртлог што не однесе во правец од кој се плашам дека нема враќање.

Имено, дури и повикот до арачиновци да плаќаат струја, данок и слични обврски што се за сите, ДУИ и сите Албанци го прогласуваат за анти-албанство?! Ваквата манипулација на ДУИ создава таков општествен феномен што потоа сите албанци одбраната на Арачиново ја поимаат како „етничко право на албанците” – градењето на диво, неплаќање сметки и данок, немање фискална – се тоа се сведува како етничко право на албанското малцинство во Македонија.

Токму ваков е односот на албанската јавност, и кон Преспанскиот договор, и кон Бугарскиот договор – дозволија ДУИ да им наметне наратив и т.н. маалски притисок поддршката на овие договори да стане национална кауза на албанците во Македонија.

Овиe договори, како и се друго што произлегува од поданоста на македонските власти кон колективниот Запад, неминовно се анти-македонски, а дури некои такви процеси немаат никаква врска со правата на албанското малцинство (како НАТО, анти-русија, анти-србија, Преспански, Бугарски, ЕУ…) за сите овие процеси е крената фама, како тие да се етнички права на Албанците – состојба што целосно ги руши темелите на некаков си соживот, што и да значи тоа.