Во земјите на демократската ЕУ продолжува рушењето на споменици – уапсени 14 лица кои протестирале против уривањето на споменикот во Рига
Откако Естонија започна со рушење на спомениците од Советскиот сојуз, посветени на борците кои ги дадоа своите животи во борбата против фашизмот за време на Втората светска војна, во Рига продолжи демонтирањето на споменикот на ослободителите на градот, објави порталот „Делфи“.
„Утрото работниците продолжија да го демонтираат споменикот во Паркот на победата – тие ја урнаа статуата на жена (Ника) во ансамбл скулптури“, се вели во соопштението.
Уривањето на споменикот на ослободителите на Рига започна ден претходно, а три статуи посветени на советски војници кои ги дадоа животите во борба против фашистичкиот окупатор во овие републики беа демонтирани во текот на денот.
Вечерта стотина протестирачи се собраа кај оградата против уривањето, но полицијата употреби сила за да ги врати назад. Како резултат на тоа, приведени се 14 лица.
Претходно во мај, пред одбележувањето на Денот на победата над Фашизмот, властите во Рига го затворија пристапот до споменикот, но локалните жители донесоа многу цвеќиња до оградата. Следното утро, местото каде беа положени цвеќињата беше изорано со трактор.
Еден ден подоцна, Латвија еднострано ја прекина работата на клаузулата од меѓувладиниот договор со Русија за заштита на спомениците на советските војници, создавајќи правни оправдувања за демонтирање на споменикот. По ова, Градскиот совет на Рига гласаше за уривање.
Како што изјави градоначалникот на летонската престолнина Мартинс Стакис, споменикот ќе биде целосно уништен, бидејќи надлежниот Музеј не го препознал како уметничка вредност. Во исто време, од самиот музеј тврдеа дека не го оценувале споменикот, бидејќи немаат овластување за тоа.
Официјалниот претставник на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека со уривањето на споменикот на ослободителите на Рига, летонските власти се обидуваат да ја решат главната задача за демонтирање на историската меморија. Според неа, во ова нема да застанат ниту пред заканата од раскол во земјата.
Потсетуваме, овој тренд на уништување споменици не се случува првпат на европскиот континент. Претходно, за време на Владеењето на Адолф Хитлер со Фашистичка Германија имаше ист ваков тренд, кој својата реализација ја отпочна во 1936 година и траеше се додека фашизмот не беше поразен од страна со Советските сили.