Роџер Вотерс на црната листа на Киев!

Фронтменот на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, додаден на црната листа на Киев како „непријател на Украина“.

Вотерс е вклучен во базата на податоци на украинската веб-страница „Миротворац“, сајт кој е познат по своите скандалозни објави во кои се објавуваат лични податоци на домашни и странски новинари, актери, политичари и сите оние кои наводно претставуваат закана за националната безбедност на Украина.

На списокот се и оние кои го посетиле Крим, како и новинарите кои имале акредитации во Донбас и известувале од таа воена зона.

Вотерс на оваа листа очигледно е вклучен откако во последното интервју изјави дека Русија била испровоцирана во конфликтот со Украина и дека Вашингтон ги влече конците во Киев.

Сите кои се наоѓаат на оваа веб-страница, обично се нарекуваат, „антиукраински пропагандисти“, „агенти на Кремљ“ и слично.