После пучот обид за комплетно задушување на опозицијата во Пакистан – под закана е поранешниот премиер Имран Кан

Откако Пакистан, под водство на премиерот Имран Кан, во однос на конфликтот помеѓу Русија и Украина завзема неутрална позиција, односно, одби да се придружи кон САД и НАТО во осудата на руската специјална операција во Украина, преку влијание на Вашингтон, беше срушена владата на Имран Кан. Потоа, движењето на Кан од опозиција се обиде да го распушти Парламентот за да се организираат предвремени избори, сепак Уставниот суд на земјата тоа не го дозволи, на што партијата на Имран Кан повика на протести во одбрана на суверенитетот на државата. На овие протести Имран Кан често изјавуваше дека  земјата се движи кон нова „борба за слобода“, оценувајќи го неговото соборување од власт како „промена на режимот со поддршка од САД“.

Сега, во обид комплетно да биде задушен гласот на Имран Кан, кој според анкетите ја има поддршката од народот, Владата му спрема обвинение според Законот за антитероризам затоа што се заканувал на полицијата, судството и другите државни институции на неговиот митинг во Исламабад што се одржа во саботата.

Надзорот за медиуми во земјата – Пакистанската регулаторна управа за електронски медиуми – исто така им забрани на ТВ каналите да ги пренесуваат неговите говори во живо.

Сепак, на повик на портпаролот на партијата на Имран Кан, кој го повика народот пред куќата на Имран Кан со намера да го одбрани од обидот на властите да го упасат, огромен број поддржувачи се собраа и го блокираа влезот во резиденцијата на Кан. Пакистанската полиција, стравуваќи од судир со приврзаниците на Кан не успеа да се пробие до влезот на неговата резиденција.

Одредени извори тврдат дека електричната енергија и водоводот е прекинат во резиденцијата на Имран Кан. Но, демонстрантите се собраа во огромен број во заштита на поранешниот премиер Кан, и скандираа „Имран Кан е нашата ЦРВЕНА ЛИНИЈА… не размислувајте да ја преминете“.

Доколку од увезената влада биде упасен Имран Кан , ние ќе го преземеме Исламабад и мојата порака до полицијата е да не бидете повеќе дел од оваа политичка војна, во спротивно ќе се однесуваме со вас како некои кои работат за ПДМ (партијата која моментално владее во пакистан – Pakistan Democratic Movement), а не како полиција. Оставете раководството и активистите на ПТИ и ПДМ нека се борат и одлучете еднаш засекогаш“, на твиер се огласи еден од лидерите на патијата предводена од Имран Кан, Али Амин Гандапу.