Општина Карпош е во заложништво на Јакимовски заради неговите лукративни интереси

  • Фејсбук Статус на Славко Митевски, Советник од Левица во Општина Карпош

Каде оди општина Карпош?

Минативе месеци во општина Карпош се случува силување на демократијата и отворена борба на урбанистишката мафија со Советот на општината.

Се разбира, борбата ја отвори „таткото“ на општината, Г-дин Стефчо, ги држи во заложништво граѓаните на Карпош, а колатерална штета се вработените во општинската администрација.

Причините се едноставни. На „таткото“ на општината не му проаѓаат лесно ДУП-овите кои веројатно ги има ветено во минатите мандати, па кога ќе дојдат на ред гласањата за ДУП-овите, ги повлекува сите точки од дневниот ред и одложувајки ги седниците ја става Општината во „цајт-нот“.

Потоа свикува вонредни Седници и донесува избрзани одлуки што се увиде и во случајот на ДУП-от на Пуцко Петрол дека се погрешни и дополнително ја заглавува општината во лавиринти од кои нема излез (или е многу скап).

Не е за верување дека ова Стефчо го прави од неискуство туку е очигледно декa е однапред подготвено сценарио. Приказната толку ја развил во сценариото што еднаш доведе и некој си правобранител на сред седница да им се заканува на соетниците.

Сега Стефчо спрема ново сценарио со кое ќе сака да го обвини советот за некооперативност, неискуство па дури и дека советниците се поврзани со урбанистичката мафија и да исценира нови избори за советници.

Веројатно и понатака ќе ги саботира седниците на советот и понатака нема да го исплаќа паушалот на советниците, и понатаму ќе им се заканува на вработените во секторите а посебно на секторот за поддршка на советот да не присуствуваат на седниците и понатаму ќе ја повлекува службата за снимање на седниците без кои седницигте технички не можат да се одржат.

Само не ни е јасно од каде му е идеата дека кога би имал нов состав на советот дека тој ќе има мнозинство со што ќе му ги изгласува криминалите. Веројатно ќе презема мерки во негов стил на локален шериф и ќе го тероризира населението во Карпош. Граѓаните се заложници на Стефчо кој ги прошири (презема) и надгради проектите на неговиот имењак каде во секој ДУП е вметнат по некое „зградиче“ кое штрчи во околината не само по својата височина или габарит туку и по смрадот на корупцијата. Не проаѓаат веќе кај членовите на овој совет неговите демагогии во стилот „Колеги и јас сум против 30-катницата, ќе ја намалиме на 26 ката и сите ќе бидеме среќни.

Не му е лесно ни на Стефче. Растурајќи ја коалицијата со ДПМНЕ, тешко наоѓа нови 12 апостоли кои ќе му аминуваат се што ќе му текне. Сега за сега му успеа да „убеди„ еден советник да го промени дресот.

Советот на Карпош ќе биде предводник во рушење на сите деспотизми на градоначалниците и изживување врз животната средина. Очигледно е дека Карпош се празни од староседелци и дека моторната сила на Стефчо и таквите како него, се новодојденците од земјава и странство.

Стефчо, не можејќи да се соочи со проблемите со паркинг во населбата, посегнува кон решенија кои нема да придонесат за повеќе нови паркинг места туку само ќе се удира по џебот на граѓаните. Стефчо не направи ниту еден ДУП во кој ќе преовладува зеленило, спортски терени, шеталишта и други содржини кои ќе го направат Карпош поубав за живеење на сегашните жители, кои патем и него го изгласале, туку прави ДУП-ови само со згради и населби каде што нема испланирано ниту градинки ниту основни училиштаа ниту простор за амбуланти како основни работи што ја прават една населба убава за живеење.

Со неговото шерифување уште три и кусур години и постоешката инфраструктура ќе се преоптерети и застаре и Карпош ќе се сведе на смрдливо гето во кое ни глувците нема да сакаат да живеат.

Храброста очувот на општината единствено ја црпи од немање закон како да се смени градоначалник. Единствени опции се, ако сам ја напушти функцијата или ако е осуден на повеќе од 6 месеци затвор.

Ова второто сеуште е во игра.