АктуелноЛокално

Пратениците Апасиев и Крмов во Тетово со кандидатите од советничката листа на Левица

  • Соопштение на политичката партија Левица

Претседателот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов вечерва беа на средба со кандидатите за советници од Левица за Тетово, уште еднаш да ја изразат својата поддршка пред изборите оваа сабота, 20.08.2022г. Кандидатите за советници ја споделија пред нив, како и пред медиумите и целата јавност пораката кон тетовчани.

Животот е само еден. Го живееме во Тетово и го живееме сега. Со децении дозволуваме да го губиме времето во неквалитетен живот во еден тридецениски срушен систем.

Сега е крајно време да покажеме дека вака веќе не бива.
Дека е ДОСТА!

Не смееме да дозволиме да сме само неми набљудувачи на сопствената несреќа. Напротив, секој еден од нас е должен и има сила да промени нешто во општината а со тоа и пошироко. Дури и самото гласање на овие локални избори, е доволно важно и моќно да доведе до нови можности и промени.

Ние како тетовчани заслужуваме конечно да доживееме правда – промена на корумпираните локални власти со нови и чесни луѓе, кои ќе го запрат урнисувањето на Тетово, а потоа заедно да почнеме да го градиме.

Овие локални избори се клучни за одредување на иднината на нашиот град. Тетовчани мора да ја искористат можноста да го кажат својот глас, и конечно да тргнеме во нова насока, во спротивно со сигурност ќе им помогнеме на нашите градски окупатори да владеат уште долго во сопствена корист, на штета на нас тетовчаните.

Излези, гласај за Левица, заокружи го бројот 13 и заедно да им ги поматиме сметките на оние кои заслужуваат да ги казниме, заради сета штета која ни ја направија во последните 30 години.

ИЗЛЕЗИ, ГЛАСАЈ ЗА ЛЕВИЦА, ЗАОКРУЖИ ГО БРОЈОТ 13!