Историчарите во Бугарија прогласија победа

Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во однос на историските спорови со Македонија стигна до првата победа ова е ставот на бугарскиот националниот круг „За Македонија“.

Колегите во Скопје официјално го препознаа очигледното, кое и тие многу добро го знаеја. Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на Кнезот Борис го ширеле својот збор низ целото бугарско кралство, а Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Сето тоа треба да биде запишано во детските учебници во Македонија велат бугарските професори.

Инаку вчера историската комисија најави дека цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Св. Наум да се чествуваат заедно со Бугарија.

Препораки има и за измени во бугарските и македонските учебници. Копретседатрелот на комисијата Драги Ѓоргиев кажа дека не постојат рокови, туку само охрабрувања за конкретни резултати од работата на историчарите.

Веста е превземена од Канал5