(Видео) На владината церемонија во Крушево избришана строфата за Гоце Делчев и фашистичка крв се лее

Скандал на вечерашното отворање на прославата за Илинден и манифестацијата “10 дена Крушевска Република” од страна на Владата на Ковачевски.

Во текот на изведбата на програмата, песната “Во борба, во борба“ беше едноставно искасапена, а од неа беше исфрлена втората строфа после првиот рефрен во која се споменува Гоце Делчев и „фашистичка крв се лее“, што претставува спој на борбата на Илинденците од 1903 година и на партизаните од НОБ кои се борат додека над главите знамето на Гоце се вее.

Ова е целата строфа која беше исфрлена:

Излеговме ние смели партизани,

над нас на Гоце знамето се вее,

во гори, полја и на сите страни,

фашистичка крв насекаде се лее.