АктуелноЛокално

Членови на Левица малтретирани и физички нападнати од полицијата на Спасовски и параполициските банди на СДСМ поради истакнат транспарент со назив „Клети Врховисти“

  • Соопштение на Политичката партија Левица

По повод двата Илиндена, делегации на Левица составени од членовите на Президиумот, Реџеп Исмаил и Јована Мојсоска и членовите на Централниот Комитет, Саше Јанчев и Димитар Абрашев, денес положија свежо цвеќе во Пелинце, Крушево и Смилево.

На приватната забава на квинслинзите на власт во Мечкин Камен, членовите на Левица беа брутално малтретирани од страна на полицијата на Оливер Спасовски и партиските параполициски банди на СДС! Поради истакнат транспарент со назив „Клети врховисти”, врз истакнати членови на Левица беше применето и физичко насилство со цел да се одземе транспарентот.

Како и секој хибриден режим во залез, власта прибегнува кон репресивни и тоталитарни методи против сите неистомисленици на нивните проврховистички политики.

Но, нашата цел е да го спречиме разурнувањето на македонската државност и да обезбедиме иднина за нашите поколенија во своја независна и слободна држава.

Во нас и нашите идеали е зачуван духот на Македонија, кој не смее да биде само сон – АСНОМ живее!

Вечна слава на Илинден и АСНОМ!

#АсномЖивее