Левица: Скоро една третина од тенковите на АРМ се поклонети на Украина
- Реакција на Сектор за Надворешна Политика и Безбедност на политичката партија Левица
Министерството за Одбрана ја потврди информација дека сликите и видео снимките на кои се гледа дека 10тина Т-72 тенкови се испраќаат за Украина. Тенковите кои се испратени се дел од ограничениот корпус на тенкови на АРМ кој брои само 30тина тенкови. Ова доаѓа по серија претходни донации на воена опрема од и онака ограничениот арсенал на АРМ.
Министерството за Одбрана и Владата предводени од врховистичката СДСМ продолжуваат да ги ослабнуваат одбрамбените капацитети на Република Македонија, ставајќи ги македонците во се поголем ризик.
Потсетуваме дека претходно беа донирани борбени авиони за потребите на украинското воено воздухопловство како и дека во рамки на воените инсталации на АРМ беа присутни украински државјани со ознаки на нацистичкиот Азов батаљон. Тенковите Т-72 се клучен дел од копнените сили на АРМ и беа од големо значење во анти-терористичките операции од 2001 година.
Освен ослабнувањето на одбрамбените капацитети, со ваквиот потег Македонија е во се поголем ризик да го загрози снабдувањето на енергенси особено во зимата која по се изгледа дека ќе е кризна на енергетски и ценовен план. Руското МНР веќе најави дека интензивирањето на пратките за оружје во Украина ќе значи реципрочно интензивирање на економските рестрикции на снабдувањето на руските ресурси кон европскиот пазар. Во момент на политичко-економска криза ова може да е погубно за македонскиот работник.
Од хуманитарен аспект ваквите пратки само ќе ја продолжат агонијата на обичниот украинец, без да го сменат крајниот исход на специјалната воена операција. Проследено со фактот дека во Украина, како и во секоја воена зона, голем дел од оружјето завршува на црниот пазар, следствено ова значи само повеќе бандитство, страдање и смрт за украинците но и закана за безбедноста на цел регион.
Врховистичката СДСМ е типичен пример за НАТО-вазал и во нејзиното коленичење ги подрива македонските национални интереси на секое поле!