Апасиев: Цел живот се финансираат од странски фондови, обвинуваат за финансирање од странство

Во изминатите неколку денови се заострува реториката со обвинувања од власта за вмешување на странски држави во внатрешните работи во Македонија.

Последна ваква беше изјавата на Пендаровски, кој зборуваше дека во Македонија постојат политички партии кои се финансирани од Русија, притоа тој не собра храброст да каже кои се тие партиии, веројатно поради непостоење на никаков доказ за она што го збори. Но во обид политички да се етикетира во негативен контекст, тој во изјавата неколку пати го спомена името на Левица.

По ваквите неосновани изјави, Лидерот на Левица Димитар Апасиев, кратко напиша на фејсбук, дека оние кои веќе 30 години се финансираат од западните фондови, денес обвинуваат некого за финансирање од страна, притоа без никаков доказ.

Човечуљаци кои цел живот кркаат долари од Сорос и УСАИД, обвинуваат левичари за земање рубљи!? Ој, бе, легнете си со жените. Вашето време сврши! Иде нова генерација, пишува Апасиев на фејсбук.