ММФ: Руската економија непрекинато расте во време на санкции
Руската економија се наоѓа во многу подобра состојба од очекуваното по воведувањето на санкциите од страна на земјите од колективниот Запад соопшти ММФ.
Западот воведе веќе 7 пакети на санкции од почетокот на руската воена интервенција во Украина. Русија и претходно е под постојани санкции почнувајки од 2014 година, но руската економија не само што се справува подобро од очекуваното, туку истите овозможија поголем профит (заради зголемувањето на цените на руските енергенси) и развивање на релација со нови пазари од страна на Руската Федерација.
Санкциите создавајќи нова „железна завеса“ имаа за цел да ја изолираат Русија од глобалниот финансиски систем и да ги „задушат“ средствата со кои располага Москва. Но, ваквата политика на Западот наиде на одличен одговор од страна на Руската Федерација, па со развојот на нови дипломатски, економски и бизнис релации, како со земјите од Азија, пред се НР Кина и Индија, така и со земјите од „третиот свет“ овозможи уште подобри солуции за земјата.
Последниот извештај на ММФ за светската економија ја зголеми неговата проценка за бруто домашниот производ (БДП) на Русија за оваа година за огромни 2,5%, иако Западот очекуваше намалување од 6%.
Зошто падот не беше толку лош?
„Сè уште е прилично голема рецесија во Русија во 2022 година“, изјави за АФП главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуриншас. Според него клучната причина зошто падот не бил толку силен како што се очекуваше.
„Руската централна банка и руските креатори на политиката успеаа да спречат банкарска паника или финансиски колапс кога првпат беа воведени санкциите, и зголемените цени на енергенсите обезбедуваат огромен приход за руската економија“, рече тој.
Откако ја започна годината под 80 долари за барел, цената на нафтата скокна на речиси 129 долари во март, пред да се спушти под 105 долари денес, додека цените на природниот гас повторно растат и се приближуваат до неодамнешните највисоки нивоа.
Во меѓувреме, додека од Русија се повлекуваат Западните компании и брендови, се остава простор за земјата подобро да ги етаблира сопствените и да ја зголеми обратот во внатрешната економија. Исто така, најавено е и проширување на БРИКС, најголемата интерконтинентална организација која спојува земји од различни региони чии економии се во постојан развој.