Пратеникот Коциќ поднел кривична до активистот на Левица Смилев, затоа што го нарекол предавник

На својот фејсбук профил, активистот на Левица кој е советник во Општина Велес, а познает е во јавност и по организацијата „Грин Палер“ која победи во битката со топилницата која беше најголем загадувач во Велес, заради која појавата на малигни заболувања и смртноста во овој град беше на екстремно високо ниво, добил кривична пријава од пратеникот Ненад Коциќ кој гласаше за бугаризација на Македонија.

Пратеникот и предавник Ненад Коциќ поднел кривична пријава против мене заради наводно ширење на говор на омраза на ФБ.

Смилев соопшти дека по поднесената кривична пријава бил викнат на информативен разговор пред надлежен инспектор, заради тоа што пратеникот Коциќ, кој гласаше за едно од најголемите велепредавства во современата македонска историја го нарекол предавник.

Моите Шекспировски есеи и поетски треперења на тема ПРЕДАВНИК, очигледно допреле до најдлабоките одаи од неговата душа и предизвикале совршена бура. Денес бев викнат на информативен разговор пред надлежен инспектор.

Тој додаде дека не се плаши од притисоците кои ги прави пробугарската СДСМ на македонскиот народ и уверен е дека ќе победи во оваа битка.

После тричасовен муабет, заедно со нашиот адвокат Александар Димитриевиќ констатиравме дека ЌЕ ПОБЕДИМЕ, дека нема дело и дека ова е класичен, диригиран политички прогон од СДС Врховистичка, насочен исклучиво кон гласните членови на Левица со цел да стивне АНТИПРЕДАВНИЧКИОТ амбиент присутен кај најголемиот дел од македонската јавност.

На крај, Смилев констатираше дека после ова Коциќ ќе добие соодветна пријава!

Во следните денови ќе поднесеме кривична пријава против Коциќ за лажна пријава.