Москва и Атина ги прекинаа билатералните односи
Москва и Атина ги прекинаа билатералните контакти и соработката, такви односи помеѓу двете земји нема. Ова го изјави Андреј Маслов, рускиот амбасадор во Грција на ТВ каналот „Русија 24“.
„Од крајот на февруари нашите билатерални односи се целосно уништени, веќе не постојат. Нема соработка, нема контакти! Со еден збор, буквално за неколку дена, сите случувања, целата низа билатерални односи кои беа акумулирани во текот на многу децении, не постојат“, – изјави Андреј Маслов.
Во Грција практично нема руски туристи, туристите „продираат“ во земјата „во микроскопски количини“, додаде амбасадорот.
Минатиот петок Русија ја вклучи Грција, заедно со четири други држави, во проширената листа на земји кои не се пријателски настроени кон Руската Федерација.
Рускиот амбасадор истакна дека Грците остро ја критикуваат нивната влада за фактот дека „за прв пат по 200 години“ Грција стана непријателска земја за Русија.
Претходно рускиот медиум ги сподели изјавите на Сергеј Лавров, дадени за Македонија и Црна Гора.