Исмаил: Неистакнувањето на државното знаме во Тетово разгорува етничка омраза

Градоначалникот Касами, по повод големиот празник за Тетово. каде се чествува поставувањето на Рифат Јашари (основач на УЧК), го накити Тетово само со албански знамиња.

За ова непочитување на Законот за знамиња реагираа од ЛО на Левица во овој град.

Тетово е македонски град градоначалниче Касами, а вие овој “празник” го прославувате само со албански знамиња!? – стои во реакцијата на Левица.

По ова, на социјалните мрежи се огласи и Реџеп Исмаил, член на президиумот на Левица, кој го постави прашањето, дали некој од прогресивните Албанци ќе излезе со реакција за овој потег на Касами, што практично и не е прв пат да се случува низ градовите во Македонија.

Туку, дали ќе се јават барем еднаш овие урбаниве Албанци-прогресивци што ги вртевте кога демек кажаа НЕ на Францускиот предлог – како на пример Бени Шакири нели. Оти ова е исто, па дури и бетер, од она што Бугарија го прави на државава – рушење на нејзиниот легитимитет и интегритет, сепаратизам, глорификација на балистички идеи и се она што било од време на Втората светска војна…

Според Исмаил, ваквите постапки, што никој не ги санкционира, а станаа пракса на однесување во Општините каде е доминантен бројот на Албанско население, е причина за побудување на етничка омраза.

Токму ова се состојбите кои треба да се третираат за да нема етничка омраза – а ова е причина за етничка омраза.

Во меѓународните односи, незаконското поставување знаме на една држава на територијата на друга држава се смета за искажување на територијална претензија.