АктуелноЛокално

Ристов: Длабоко сме влезени во авторитарниот период од губење власт

Во изминатиов период, одново сведочиме на низа одлуки на Власта, чие спроведување бара користење на авторитативни методи, заради тоа што најголемиот дел од населението не се согласува со истите. Дополнително, целиот период на владеење на СДСМ е проследено со бројни скандали со различна природа и големина.

Членот на Президиумот на Левица, Бранко Ристов, денес даде кратко толкување за актуелното однесување на моменталната власт. Според него, немањето легитимитет е една од причините зошто народот не ги прифаќа одлуките на Владата.

Без легитимитет власт, на чело човек кој не бил гласан од народот. Сите анкети викаат дека комплетно ја изгубија довербата од граѓаните. Не сакаат избори.

Тој ваквиот аргумент го поткрепи и со фактот дека народните избраници во Собранието донесуваат одлуки што не го застапуваат народниот интерес. За истите тие одлуки, најпрвин не сакаа да го послушаат гласот на народот кој две недели беше непрекинато на протести, за сега повторно да се спротивставуваат на народната волја, одбивајки да прифатат референдум.

Се носи одлука во Собрание под палка на Калето, сите анкети викаат дека одлуката беше контра народна воља. Не сакаат референдум.

На крајот, Ристов констатираше дека агресивното и авторитативно однесување на оваа Влада е само крик на власт во немоќ, на која неминовно и следи заминување.

Во меѓувреме, приоритет е воспоставување на досега невидена контрола врз говорот и мислата. Длабоко сме влезени во авторитарниот период од губење власт. Не ни е прв пат феноменот.