(Видео) Крмов: Со „францускиот предлог“ се удоволуваат фашистичките барања – ние ќе бидеме вечно закочени
Во обраќање на пратеникот од Левица Борислав Крмов на денешната Седница во Собранието на Република Македонија тој констатираше дека со „францускиот предлог“ државата ќе остане вечно закочена во интеграционите процеси.
„Со овој предлог, прво, ние ќе бидеме вечно закочени, значи никогаш нема да влеземе во ЕУ, а второ, ние ќе бидеме криви, на нас ќе биде префрлена вината. Дека ние не сакаме Гоце да е Бугарин, тој камен тие си го тргаат од глава.“
Пратеникот кажа дека СДСМ и ДУИ со ова катастрофална политика удоволува на бугарските фашистички барања.
„Се удоволува на фашистичките барања на Бугарија, бидејќи е нивна членка и тие се држат заедно. СДС со ова катастрофално владеење, сака да го оправда Преспанскиот договор, а од друга страна да не ви падне владата.“
На крајот од излагањето Крмов истакна дека домашната политичка елита смета дека својот легитимитет го добива од странски фактор.
„Кај нас е традиција да се бара легитимитетот, не пред народот, туку пред странскиот фактор.“