Мециновиќ: Левица учествува во подготовката на европски форум на леви прогресивни и зелени сили

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ вчера гостуваше во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија каде зборуваше за актуелните случувања на политичката сцена и ставовите на партијата по истите.

Во насока на обвинувањата кон Левица за нејзини определби и погледи кон надворешната политика Мециновиќ истакна дека партијата останува на своите анти-НАТО определби кои се на идеолошка основа и додаде дека мнозинството левичарски партии во ЕУ го делат истиот став.

Левица учествуваше на состанокот за подготвка на следниот европски форум на леви прогресивни и зелени сили. Околу евроатлантската определба, сакам да кажам повеќето левичарски партии во Европа се анти-НАТО. Тоа е идеолошка определба, а не нешто што е волја на лидерите на една партија. Тоа со руското влијание е лов на вештерки, затоа што овде Русија ја немаме во ниту еден контекст. Имаме бугарски ултиматум, кој се состои во францускиот предлог, рече Мециновиќ во емисијата „Само вистина“.

Членот на Левица заклучи дека во Македонија нема никаков проблем со проруско влијание, туку денес главен проблем во државата е пробугарско влијание.

-На протестот на Левица немаше руски знамиња, туку советското знаме на СССР, информира Мециновиќ.