Државни судии-извршители кои ќе работат за плата, а не да се богатат на грбот на граѓаните!

Став на Новица Ристески, член на ЦК на Левица.


Озаконетото постоењето на приватните извршители во пракса се покажа како тотално безуспешно, нефункционално и лошо за задоволување на правдата преку правото. Преку нивното делување, приватните извршители се покажаа како структура преку која разни измеќари и полтрони ги задоволуваат потребите на елитистичката власт, а сето тоа за сметка на осиромашувањето на обичните граѓани.

Во пракса, овој систем се покажа и како целосно нефункционален бидејќи не е целта само присилно да наплатиш, а притоа оној од кој наплатуваш да умре од глад, што всушност е главната одлика на сегашниот систем.Уставната и законската поставеност на судската власт е несомнено доволно организациски силна за да спроведува целокупни постапки се до присилна наплата.

Имено, на тоа треба да се додаде и фактот дека имаме поголем број на судии по глава на жител од европскиот просек. Тоа значи дека има простор дел од тие судии во пракса да судат само извршни предмети. Затоа редно време е да се стави крај на легализираниот грабеж на граѓаните преку воведување на државни судии-извршители кои ќе работат за плата, а не да се богатат на грбот на граѓаните!


Озаконетото постоењето на приватните извршители во пракса се покажа како тотално безуспешно, нефункционално и лошо за…

Публикувахте от Novica Risteski в Вторник, 6 октомври 2020 г.