Пуштањето провокатори има повеќе цели
- Фејсбук статус на Саше Јанчев – советник во Гевгелија од Политичката Партија Левица
Пуштањето провокатори има повеќе цели.
Првата е да ни го препишат целиот тој зулум од повредени цивили, полицајци и штета и на тој основ да не испоуапсат.
Другата е да ја оцрнат Левица, во стилот руски платеници рушат власт, блокираат европски перспективи и слични басни.
Третата е со пендрек да заплашат народ за да не излегува на протести.
Четвртата е да имаат изговор после ваков инцидент да употребуваат повеќе сила под изговор заштита на јавен ред и мир, а со тоа дополнително да дестимулираат народ.
Главната цел позади ова режимско делување е буткање на “францускиот” предлог и останување на власт.
Арно ама
Со грешка генерација се заебавате!
Денес во поголем број ќе дојдеме.
Сметката стига за наплата, а богами јако се опуштивте
Се по список!
Долу Влада!
Да живее Македонија!
Во седум пред Влада!