АктуелноЛокално

Масовен сенароден протест против бугаризација на Македонија – илјадници пред Владата искажаа револт

Огромна масовност, со илјадници народ вечерва се собра пред Владата на Република Македонија да го искажaт незадоволството и револтот против Владата предводена од СДСМ и ДУИ поради прифаќањето на предлогот на Европската Унија.

Протестот започна со интонирање на химната на Република Македонија, а присутните беа категорични дека се против ваквиот предлог со кој се предвидува бугаризација на Македонија и порачаа да се престане со државните велепредавствата кои ги прави СДСМ и нивната коалиција. Нема простор за компромис кога се работи за македонскиот јазик, идентитет и Република Македонија. Не во ЕУ по секоја цена, беа дел од пораките кои ги упати народот до Владата.

На протестот беа присутни членови и високо раководство на политичката партија Левица, предводени од претседателот на пратијата, Димитар Апасиев.