Порака од конресменката Тејлор Грин: Америка треба да излезе од НАТО!
Соединетите Американски Држави треба да го напуштат НАТО наместо во Украина да испраќаат милијарди долари, пари на даночните обврзници и да ги доведува во ризик од нуклеарна војна, напиша претставничката во американскиот Конгрес од Џорџија, Тејлор Грин.
Украина е „новиот Ирак, запакуван како мал-сладок поклон на НАТО, со нуклеарен подарок внатре“, напиша Тејлор Грин, републиканец која е позната како жесток поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп и жесток критичар на американската политика кон Украина.
„Американскиот народ не сака војна со Русија, но НАТО и нашите безумни лидери не вовлекуваат во неа. Треба да го напуштиме НАТО“, напиша таа.