Актуелно

КОЈ Е РАДЕВ ЗА КОЈ МАКРОН ВОЗБУДЕНО НЕ ИЗВЕСТУВА ДЕКА ГО ПРИФАТИЛ ПРЕДЛОГОТ?

Францускиот претседател, Емануел Макрон, на самитот на НАТО во Мадрид, нарекуваќи не „северномакедонци“ не пропушти да не извести дека, Претседателот (Радев) и премиерот на Бугарија веќе му потврдиле дека го поддржуваат францускиот предлог за решавање на спорот помеѓу Бугарија и Македонија.

Да се потсетиме кој е Претседателот на Бугарија, Румен Радев, и какви ставови има во однос на Македонија:

  • „Гоце Делчев, апостол на слободата на македонските Бугари“ – Румен Радев.

Токму Румен Радев, најавувајќи голема манифестација на 4 мај по повод 119 годишницата од смртта на македонскиот револуционер и деец, Гоце Делчев, тој во објава за најава на конференцијата, со намера за провокација и омаловажување, подвлече дека Гоце Делчев бил „апостол на слободата на македонските Бугари.“

  • „Нема преговори за ЕУ додека не се реши прашањето „за човековите права и недискриминацијата на Бугарите во Република Северна Македонија“ – Румен Радев

Истиот тој Радев, поддржувајќи и поттикнувајќи ја дискриминацијата на македонците во Бугарија, притоа занемувајќи пред пресудите на Европскиот суд за човекови права, дополнително и како претседател на Бугарија неспроведувајќи ниту една пресуда од тој Суд, напротив, поттикнувајќи ги притисоците и дискриминацијата кон македоците во Бугарија, Радев се расврлаше со ултиматуми до Македонија дека доколку не се решело прашањето „за човековите права и недискриминацијата на Бугарите во Република Северна Македонија“ тој не гледал врата за отпочнување на преговорите со ЕУ за Македонија.

  • Македонскиот идентитет е фалсификуван и измислен од комунистичката интернационала“ – Румен Радев

Истиот Радев, повторно во својство на претседател на Бугарија, изјавуваќи дека „македонскиот идентитет е фалсификуван и измислен од комунистичката интернационала“, тој не само што го негираше постоењето на македонскиот идентитет, туку дополнително се обидуваше да ја оправда и бугарската агресија врз Македонија за време на Втората светска војна. Имено, Радев, по отворањето на „културниот центар“ во Битола, кој го носи името на декларираниот фашист Иван Михајлов, Радев грубо ја негираше историската вистина дека Бугарија била дел од фапистичката коалиција. За Радев, фашизам било тоа што Југославија после 1945-та година, ги казнила фашистичките колаборационисти и дека Ванчо Михајлов „му откажал на Хитлер за да спречи војна во Македонија“?!

  • „Бугарија мора да продолжи со политиката на вето кон Македонија“ – Румен Радев

Истиот Радев, после пописот во Македонија, на кој имаше пријавено само 3,500 бугари – спротивно од тврдењето на Радев дека во Македонија има повеќе од 100.000 бугари – тој, коментираќи го пописот, изјави дека „Бугарија мора да продолжи со политиката на вето“, само поради тоа што немало доволно бугари пријавени на пописот во Македонија?!

Сите овие очевидни показатели за малициозните намери на бугарските власти се само доказ дека нивната анти-македонска, негаторска, шовинистичка и велико-бугарска политика кон Македонија и македонскиот народ ќе продолжат и во иднина во безброј форми. Бугарските власти, како и досега, секогаш, одново и одново ќе измислуваат причини, констуираќи подлога задоволување на велико-бугарските апетити и аспирации кон Македонија.

Затоа, потврда и верификација на македонскиот идентитет, па уште и во фусноти и загради, од страна на докажани про-фашисти и анти-македонски личности и политичари во Бугарија, како што е Румен Радев, не ни се потребни. Потребен е итен прекин на преговорите со Бугарија!