Мојсоска: Левица го руши бипартизмот на СДС и ДПМНЕ

Единствен аргумент на Дпмне за наводната коалиција на Левица со Сдс е дека Левица се “дрзнала” (замислете!) да гласа против лошите буџети на нивните градоначалници.

Сето ова ми е една реприза на ограниченоста на две криминални здруженија претворени во бироа за вработувања. Имено, за време на изборите во 2016 година, Левица беше агресивно обвинувана дека “го ситни отпорот” од скриените и нескриените апологети на СДС, заради самостојниот настап на избори.

Зато што, замислете, во нивното поимање за демократијата, не смее да има друг политички субјект надвор од овие две политички партии. Не смее да има друга опозиција надвор од СДС или Дпмне (затоа и сега се инфантилниве обвинувања дека Левица не може да е опозиција во општините надвор од СДС).

И затоа политичката сцена е плодно поле за пајтон партии како ДОМ, ЛДП и Павле Трајанов, како сироти приврзоци на бипартизмот.

Али доаѓаат нови времиња и нови генерации, па им посакувам на ДПМНЕ и СДС да излезат од своето заостанато и тесно политичко поимање и да ги уживаат плодовите на плурализмот – јер нивниот комодитет на бипартизам изумира, колку и да се обидуваат во очај да го спасат.