АктуелноЛокално

После отворањето на фашистичкиот клуб ‚‚Ванчо Михајлов‘‘ се сквернават спомен обележја на народните херои во Битола

  • Реакција на Црвена Младина – Битола

Во Битола деновиве повторно сме сведоци на вандализам и сквернавење. Имено, спомен обележјето на борците за социјална и национална слободна Македонија по втор пат е уништено и сквернавено од непознати сторители во Битола, а ние сериозно се сомневаме дека позади ова стојат платенитеците на бугарската влада во Битола.

Во моменти и услови кога спомениците и спомен обележјата се тотално запоставени од институциите, ние имаме одговорност да се грижиме за нашите херои да не бидат заборавени и сквернавени.

Членови на на Црвена Младина – Битола, повторно, по втор пат го исчистија сквернавењето на ова спомен обележје.

Како и првиот пат така и денес, повторно ќе ви порачаме: Колку повеќе се трудите да ја избришите историјата, толку повеќе ќе бидете запишани на црната страна од историјата!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ!