АктуелноЛокално

Левица: Бесими со ребалансот проектира 7% инфлација која веќе достигна 12%

  • Реакција на Политичката партија Левица

Министерствата на Владата за време на економска и енергетска криза, непосредно пред прехранбена криза која се најавува за следната зима, активно работат на осиромашување на народот.

Според Фатмир Бесими, со предлог ребалансот треба да се постигнат две основни цели: да се одржи економската стабилност и да се поддржи економијата за враќање во претпандемиското ниво. Со овој ребаланс, очигледно е дека нема да се остварат овие цели.

Сега, повисоките проектирани расходи во ребалансот, не се поради повисоки капитални инвестиции и отплата на јавниот долг, туку само последен обид да се задржи власта и без да се размислува долгорочно, популистички ќе излезе во пресрет на одредена група граѓани, невладини организации и приватни претпријатија, додека како целина, Македонија ќе се задолжи на домашниот пазар со 431 милион евра, а на меѓународниот пазар со фантастични 1 082 милиони евра.

Новите задолжувања во износ од 1,513 милијарди евра ЌЕ ЈА ДОВЕДАТ МАКЕДОНИЈА ДО КОЛАПС, која и така е премногу задолжена. На крајот на март, јавниот долг веќе изнесуваше 7,170 милијарди евра.

Стапката на инфлација со ребалансот проектирана е на 7,2%, а во месец мај достигна 12% и има тенденција на зголемување!

Потребата за повеќе средства за раздвижување на економијата, не смее да се бараат во нови задолжувања, туку во стекнување на нови приходи, преку воведување на даноци кои ќе ги плаќаат тие што навистина имаат пари, а во Македонија во последниве три децении се намножија милионери на сметка на социјално загрозените граѓани, кои покрај реалноста на инфлацијата, ќе користат секаков изговор за да ги зголемат цените уште повеќе и да го стават во џеб профитот.

Рамниот данок и кратењето на државните расходи во поглед на социјалната држава активно учествуваат во моделирање на пристапот за надминување на кризи преку грбот на сиромашните. Бизнис-ориентираните партии имаат за цел да ги искористат кризните состојби во општеството за дополнителна приватизација и либерализација на пазарот – во интерес на олигархијата.

Министрите на Владата, постојано покажуваат дека немаат слух за решавање на проблемите во општеството, бидејќи го штитат класниот интерес кој ги обединува политичарите и бизнисмените.