„Ако сме нормални, сеа ќе излеземе на протест за да го пуштат Ламбе од притвор“, твитерџиите со поддршка за денешниот протест
Политичката партија Левица за денес во 18 часот закажа протест на кој ќе побараат отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски и додаваат дека бараат итно процесуирање на кривичната пријава на Левица против претседателот на клубот „Ванчо Михајлов”, поради излагање на подбив на македонскиот народ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
На оваа тема, стигнаа и низа реакции од граѓаните кои на социјалните мрежи даваат поддршка за протестот, но и твитерџиите кои сметаат дека граѓаните треба да излезат масовно и да дадат поддршка на оваа иницијатива. Еден од твитовите на оваа тема, собра голем број лајкови, но и различи коментари. Дел од твитерџиите се сложуваат, а дел сметаат дека ваква иницијатива е „надвор од здравиот разум“.
Дел од твитерџиите овој случај го споредуваат со оној кога Павле Богоевски учествуваше во демолирањето на канцеларијата на Претседателот на државата и тие велат дека тој бил награден со „фотеља во власта“.
Следната споредба е онаа со пожарот во тетовската болница, еден од денешните твитови е токму на таа тема:
И најшеговитиот твит или можеби твитот со најголема симболика го оставаме за крај:
- Текстот е превземен од skopjeinfo.mk