Oливер Спасовски е пример за тоа како изгледа бугарската администрација (окупација)

  • Фејсбук статус на Саше Јанчев, Советник од Левица во Општина Гевгелија

Ако некој се прашува како изгледала бугарската окупација, на галено администрација, треба само да оди на профил кај министерот за внатрешни, Оливер Спасовски.

Карикатурава со прст не мрдна кога се отвараше клуб со име на крвникот Михајлов, со прст не мрдна кога во тој клуб се постави цитат со кој отворено се негира македонскиот народ, со прст не мрда кога претседателот на тој клуб си пишува статусчиња со кои предизвикува национална омраза АМА, АМА, сега се фали како брзо и ефикасно работела полицијата при апсење на Ламбе.

А да си работеше полицијата како што се фали Пајако, таков клуб никогаш немаше да биде отворен и никогаш немаше да дојде до палење и до апсење на Ламбе.

А и тоа не е се. Министер Пајак на врз сето тоа изигрува и суд и обвинител.

Ете така изгледала таа фамозна бугарска администрација. Ова е слика и прилика.

А ги гледате СДС на Нашата Земја? Епа така изгледале домашните врховисти во слуга на големобугарскиот фашизам и шовинизам.

СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА ЗА ЛАМБЕ!