Економски систем зависен од коленичење пред странски и домашни фактори
- Фејсбук статус на Бранко Ристовски – член на Президиумот на Политичката Партија Левица
Имаме пад во производството на прехранбени продукти од над 10% во време на криза, што е директно поврзано со покачувањето на цените ради монополската позиција на неколку компании.
Ова се случува само година дена откако Заев малтене поклони земјоделско земјиште на французи за ветерници.Изградбата и функционирањето на тие ветерници не е и нема да биде под контрола на државата. А ради геополитика, цените во енергетиката ќе растат.
Кусогледиот пристап “ако не знам како, ќе го продадам на приватњак” е заштитен знак на СДС-ДПМНЕ владеењето, од осамостојувањето до ден денес. Ефектот, со овој еден пример, е директно намалување на капацитетите за производство на хранбени продукти во државата додека во исто време се обезбедува долгорочна енергетска зависност.
Следен чекор е распродавање премиум простор за обновливи извори на енергија на југот од Македонија. Како долгогодишен брачен пар, навидум скарани но секогаш синхронизирани, СДС во Богданци и ДПМНЕ во Гевгелија пробуваат да протуркаат намалување на комуналиите за инвеститори.
Во контекст на политика ова е еднакво предавство како и промена на името.
Всушност градењето на економски систем зависен од коленичење пред странски и домашни фактори е директно поврзано со губењето на македонската државност и суверенитет.