АктуелноЛокалноНастани

Промоција на „Лексикологија на македонскиот јазик“ од Симона Груевска Маџоска

Книгоиздателството Ми-Ан Ве поканува на промоцијата на првата Лексикологија на македонскиот јазик чиј автор е проф. д-р Симона Груевска Маџоска.

За ова капитално дело од областа на македонистиката ќе зборуваат проф. д-р Димитар Пандев и д-р Емил Ниами. По промоцијата присутните ќе имаат можност и лично да поразговараат со авторката, а целиот настан ќе биде придружен со пијано изведби на Биљана Петровска.

Промоцијата ќе се оддржи утре (01 јуни 2022 год) во Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје со почеток во 19:00 часот.