АктуелноЛокалноНастани

Промоција на монографии за македонските православни цркви и манастири

  • Соопштение од КИЦ – Културно информативен центар – Скопје

Промоција на монографии за македонските православни цркви и манастири

 Датум и време: 31 мај 2022 година, 12:00 часот

Сала: Салон 19:19

Културно-Информативниот Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на три монографии на Здружението Македонида посветени на најзначајното културно благо на Макеоднија – македонските православни цркви и манастири и тоа, најновата едиција „Седум цркви во Охрид“ издадена во мај 2022, „Седум цркви во Плегонија, Преспа и Мариово“, издадена во 2019 и „Седум цркви во Република Македонија“ издадена во 2014.

Автори на книгите се проф. Елизабета Димитрова, Гордана Велков, Ристо Палигора, проф. Филип Нивонер и Ивона Панџак Пинева. Сите книги се издадени на англиски јазик. Уредник на сите изданија е проф. Панче Велков.

Станува збор за ексклузивни изданија кои ги промовираат нашите најзначајни споменици на културата – средновековните цркви и манастири. Спомениците на културата се претставени со оригинални фотографии и текстови напишани од македонски реномирани историчари на уметност. Трите публикации ја видоа светлоста на денот благодарение на сесрдната подршката од познатиот американски филантроп од Чикаго Господинот Ричард Х. Дрихаус.

Промотори на книгите ќе бидат проф. Панче Велков и проф. Ристо Солунчев, а на промоцијата на присутните со пригоден збор ќе се обратат и високи преставници на Македонската Православна Црква од Преспанско – Пелагониската Епархија како и преставник од градската управа на Охрид.