АктуелноИнтернационално

(Видео) Захарова: Шлепери со бугарски, латвиски и литвански таблички во колона од 40км извезуваат жито од Украина

Марија Захарова, официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русиjа, на својот официјален профил објави видео на кое се гледа долга колона од шлепери на автопатот на патот од Ница до италијанската граница. Според наведеното, се работи за колона долга 40 километри, а камионите се со бугарски, латвиски и литвански таблички кои извезуваат храна од Украина, но пред сѐ жито.

Штотуку ми го испратија ова видео мои познаници. Вака изгледа патот од Ница до границата на Италија. Конвојот од шлепери во должина од 40 километри. Латвиски, литвански и бугарски регистарски таблички. Што извесуваат тие? Храна од Украина, пред сѐ, жито.

Во својата порака, таа ја осудува оваа нехуманост на Европа кон страдањата на украинскиот народ:

Тие се убедени дека тоа ѝ е повеќе потребно на Европа, а не на несреќните борци на Вооружените сили на Украина, кои беа напуштени и предадени од сите. И сега нема да има ни што да јадат.