Аудио: Џафери вулгарен спрема вработените службеници во Собранието
Снимка од денешната пленарна седница на Собранието, на која се слуша како претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, со вулгарности и висок тон им се обраќа на собраниските службениви, вечерва се појави на социјалните мрежи.
Снимката е извадок од преносот на седницата на Собранискиот канал на МРТВ, а во објавите на социјалните мрежи се вели дека таа е направена по завршувањето на седницата. Собранискиот спикер веројатно не знаел дека микрофоните и натаму се вклучени и дека преносот сѐ уште трае.
„Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат сите до еден, вие што сте на плата и уште си е.авате мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези!“, извикува Џафери на снимката, пред уште повеќе да го повиши тонот.