Знамето на Победата беше кренато над Мелитопол

Пишува: Магистер по меѓународни односи и воен аналитичарДарко Тодоровски

Мелитопол или град на медот и црешните, е град кој што се наоѓа во областа Запорожје, Украина. Почнувајќи од 1-ви март 2022 година, градот се наоѓа под контрола на руската армија. Мелитопол е град херој на Советскиот Сојуз, град кој што процентуално дал најмногу херои во редовите на легендарната Црвена Армија во Втората Светска Војна. 87 борци и команданти за ослободување на Мелитопол ја добиле титулата Херој на Советскиот Сојуз, од кои 12 војници биле од самиот Мелитопол.

Како дел од четвртата прес тура на Министерството за одбрана на Руската Федерација заедно со другите странски новинари имав можност да го посетам Мелитопол. Според информациите од 2021 година, во Мелитопол живеат околу 150 000 жители, од повеќе од 110 разни националности. Се работи за мирен и спокоен град, кој што во времето на Советскиот Сојуз бил развиен, со развиена индустрија и економија, и во градот биле стационирани различни компании фабрики. После распадот на Советскиот Сојуз, Мелитопол постојано деградирал, пред се на економски план, и голем број на фабрики и компании биле затворени, и како резултат на тоа голем број на граѓани се иселиле. Инфраструктурата во градот е од периодот на СССР, практично ништо ново не е изградено.

Како и другите руски и украински градови, Мелитопол е со широки улици, и со преубав центар, на кој што се разместени споменици во чест на хероите од Црвената Армија, и победата во Втората Светска Војна. Во центарот на Мелитопол има преубава фонтана разместена на градскиот плоштад, а од паркот во близина се отвора преубава панорама на целиот град и регионот.

Патувајќи кон Мелитопол цело време патувавме по ужасни патишта, кои што се во лоша состојба. Но од двете страни на патот се наоѓаа бескрајни полиња посеани со различни житни и други култури, од кои што огромниот број на пчели во регионот го собираат поленот и нектарот од полињата, и прават разни видови на мед, по кои што градот Мелитопол е познат. По пристигнувањето во Мелитопол се упативме на градскиот плоштад, каде што имаше забележително присуство на жители на Мариупол, кои што го користеа убавото сончево време.

Се упативме во зградата на градската администрација, каде што изјава имаше Галина Данилченко, новата градоначалничка на Мелитопол. Таа изјави дека „Како што можете да видите во градот нема никакви сигнали дека се водени борби. Беа оштетени неколку домови на периферијата на градот. Градот функционира нормално. Градската администрација работи на решавање на сите тековни проблеми на жителите на градот. Комуналните служби во градот работат, и како што можете да видите градот е чист. Болниците и дел од школите работат, аптеките во градот работат, обезбедени сме со лекови. Во градот веќе е формиран веќе нов полициски оддел, формирано е козачко друштво и тие се грижат за безбедноста во градот. Руската национална гарда им помага. Имаше неколку обиди за диверзии, но без сериозен епилог.

Се упативме во зградата на градската администрација, каде што изјава имаше Галина Данилченко, новата градоначалничка на Мелитопол. Таа изјави дека „Како што можете да видите во градот нема никакви сигнали дека се водени борби. Беа оштетени неколку домови на периферијата на градот. Градот функционира нормално. Градската администрација работи на решавање на сите тековни проблеми на жителите на градот. Комуналните служби во градот работат, и како што можете да видите градот е чист. Болниците и дел од школите работат, аптеките во градот работат, обезбедени сме со лекови. Во градот веќе е формиран веќе нов полициски оддел, формирано е козачко друштво и тие се грижат за безбедноста во градот. Руската национална гарда им помага. Имаше неколку обиди за диверзии, но без сериозен епилог.

Склучуваме договори со добавувачи од Крим, Донецк, Ростов на Дон, за увоз и извоз на храна. Испораките на хуманитарна помош постојано продолжуваат. Сега не дистрибуираме помош на улиците, туку по список, помошта ја доставуваме во домовите на оние кои што им е потребна.  

Социјалните плаќања, пензиите досега доаѓаа во гривни – Украина ги префрлаше на банкарски картички. Но, ние подготвуваме буџет, во мај веќе ќе плаќаме во рубли. Финансирањето ќе доаѓа од рускиот федерален буџет. Ова е еден вид на хуманитарна помош од Русија. Еднократна социјална исплата во износ од 10 илјади рубли, која ќе се исплати преку руското Министерство за вонредни состојби. Сега го подготвуваме отворањето на првата експозитура на ЦМР Банка. Тоа ќе биде првата руска банка. Потоа се планира отворање на филијали. Потребно е економијата повторно да проработи. Во градот имаме индустриски претпријатија, производители на резервни делови за автомобили и трактори, подготвени за соработка со Русија. Генерално, 80% од нашето производство во минатото беше насочено кон Русија.“ – Галина Данилченко.

По завршувањето на изјавата на новата градоначалничка, се упативме кон градскиот плоштад, каде што имаше голем број на луѓе. На плоштадот се издвојуваше еден ветеран на Втората Светска Војна, облечен во советска парадна униформа, со голем број на одликувања и медали. Без разлика на своите 98 години, Владимир Капитонов е во одлично физичко и психичко здравје, со бодар дух и ум. Владимир Капитанов, воен пилот од прва класа во редовите на Црвената Армија, со свои очи од својот борбен авион во мај 1945 година видел како знамето на Победата се вее над Рајстагот во Берлин. Тој успеал и да остави порака на Рајстагот во Берлин.

Владимир имаше кратка изјава за странските новинари, и тој изјави „Ве замолувам да се поклоните пред знамето на Победата. Во тоа знаме има многу крв и пот на војниците на Црвената Армија. Има и моја крв и пот. Никој нема да ни ја земе победата, нашата победа. Вие морате да го зачувате споменот за војниците ослободители и за нашата победа. Ова не е само наша победа, тоа е заедничка победа заедно со Америка, Англија, Франција и другите сојузници.

“Ве повикувам да се заштити најважното нешто за кое се бореа војниците-ослободители – Татковината, нашата Советска татковина.“ – Владимир Капитанов

По завршувањето на својата изјава, Владимир Капитанов, гордо исправен даде команда за кревање на знамето на Победата на јарболот на плоштадот во Мелитопол. Под звуците на легендарната советска песна „Света војна“ и легендарните стихови „Стани, голема земјо, стани на смртна борба, против мрачната фашистичка моќ, против проклетата орда“ беше кренато знаме копија на знамето на Победата, военото знаме на 150-та стрелачка Идрицко-Берлинска II орден Кутузов дивизија.

По завршувањето на церемонијата на кревање на знамето на Победата имав можност да поразговарам со голем број на различни луѓе на различна возраст. Поразговарав со двајца млади ученици на 13 години, бедно облечени, кои што се возеа со своите тротинети. Тие изјавија дека се среќни бидејќи во градот не се водени борбени дејства, дека со задоволство ги гледаат борбените авиони на небото, и ме прашаа дали руската армија го завзела градот Запорожје. Ме прашаа исто и за Мариупол и за Азовстал. На прашањето на кој јазик учат во школата, тие ми одговорија на украински и на руски, но дека украинскиот не го сакаат. Но на крајот тие ми одговорија дека ја сакаат Украина, и изјавија Слава на Украина!

Потоа поразговарав со жена на средна возраст, која што носеше георгиевска лента. На прашањето каква е ситуацијата во градот и што таа мисли за кревањето на знамето на победата, таа изјави „како што самите гледате, ситуацијата во градот е спокојна. Јас и моето семејство 8 години чекавме за да се крене повторно знамето на победата. Моите предци војувале и ги положија своите животи во името на победата над нацизмот. На нас ни беше забрането да го празднуваме Денот на Победата, беше изгаснат вечниот оган, додека во западна Украина беше дозволено да се слави и празднува денот на Украинската бунтовничка армија, која што во Втората Светска Војна беше сојузник на Хитлер, и вршеше ужасни злосторства против човештвото. Им беше дозволено да ги слават лидерите на таа армија, соработниците на Хитлер, и во Украина тоа беше државна политика. Рускиот јазик беше забранет, а ние бевме дискриминирани.“

Имав можност да поразговарам со уште двајца млади ученици, на возраст од 15 години. Тие изјавија дека ситуацијата во градот е нормална, и дека тие одат на школа. Се надеваат дека конфликтот брзо ќе заврши и се ќе се врати во нормала. На прашањето што сакаат да бидат кога ќе пораснат, едниот изјави дека сака да биде офицер падобранец, да учи во воената академија во Рјазањ, и да служи во руската армија, а другиот изјави дека сака да биде менаџер, за да им помага на луѓето.

Успеав да поразговарам и со три млади ученички од различна возраст. За разлика од другите соговорници, тие беа внимателни. Кога им кажав дека сум од Балканот, од Македонија, ми рекоа дека учеле за Александар Македонски. Тие изјавија дека се плашат, бидејќи иднината е неизвесна. Во градот недостасувала храна, а и најголем дел од фабриките и компаниите не работат. Ги замолив да ме почекаат, и од автобусот им ги донесов двата мои пакети армиска храна. Среќни, ми се заблагодарија, и взаемно си посакавме мирно небо над нашите глави, здравје и да нема војни.