Пушилин: Мариупол го чека голема и сериозна програма за обнова
Пишува: Дарко Тодоровски–Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар
Мариупол оживува и животот полека се враќа во мирна насока. Страдањата на жителите на Мариупол кои се на работ на преживување, солзите на оние кои ги изгубиле своите најблиски, разрушените домови, куќи, соништа – е тоа со што се среќавате секоја минута во Мариупол. Боли кога го гледаш, тешко е да го сфатиш, но за жал времето не може да се врати назад. И она што се случи и се случува не може да се промени. Сите жители на Мариупол кои останаа за време на битката за Мариупол, и оние кои допрва треба да се вратат во својот роден град, мора да научат да живеат во нова, многу тешка реалност. Жителите си помагаат едни на други, кој со што може, некој со храна, а некој го дели својот дом со оние кои што останеле без своите домови. А Мариупол го чека голема и сериозна програма за обнова, што го најави и лидерот на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин.
Лидерот на Доњецката Народна Република Пушилин, во воена униформа, во придружба на своите соработници и со голем број на телохранители пристигна во Мариупол. Тој пристигна во Мариупол за да ја надгледува работата на 11-от хуманитарен центар во градот, кој беше отворен во регионот Левобережњи во Мариупол. Групата странски новинари имавме можност да земеме интервју од Денис Пушилин во Мариупол, во школата каде што се делеше хуманитарна помош. Покрај со Пушилин, интервју зедовме и од новиот градоначалник на Мариупол, Константин Ивашенко. Во текот на комуникацијата со руските и странските новинари, Пушилин изјави дека ситуацијата во градот и понатаму е тешка и е сложна, но дека процесот на враќање на животот во нормала е во тек.
На прашањето каква е реалната ситуација во градот, и какви се плановите за реконструкција и враќање на животот во нормала, Пушилин изјави „ Ако зборуваме за Мариупол, каде што сме сега, се прават првите чекори за враќање на мирниот живот. Гледате што остана од висококатниците во кои неонацистите од Азов поставија утврдувања. Тие ги бркаа луѓето од становите во подрумите, а некои цивили беа принудени да останат во своите домови, како жив штит“.
Според Пушилин, многу е важно да се покаже дека реставрацијата на домовите, како и на претпријатијата, започнале во Мариупол. Во Мариупол сега работат штабови за помош и соодветни одделенија, секој во своја насока. Ова не е само реставрација, не е само работа на специјалните служби за деминирање, отстранување на отпад и снабдување со електрична енергија, и тоа последователно ќе овозможи враќање на водоснабдувањето во градот, со што состојбата во градот ќе се подобри. Вршиме постојана испорака на хуманитарна помош.
Во Мариупол Руската Федерација дава голема помош, се организираат хуманитарни штабови на целата територија на Мариупол, – изјави Денис Пушилин. Тој ја истакна потребата да се вклучат сите жители на градот во процесот на реставрација со цел што поскоро да се врати редот и поредокот во градот. Во моментов е формирана група на волонтери која веќе работи на конкретни задачи. Се состои главно од млади луѓе.
На прашањето кој ќе помогне во реконструкцијата и обновата на Мариупол Пушилин изјави „Со поддршка и помош на Руската Федерација се планира многу сериозна, всушност огромна реконструкција, која ќе можеме да ја видиме во многу блиска иднина“.
До Пушилин беше поставено прашање како се одвива воената операција на територијата на Донбас, и какви се прогнозите. Пушил изјави дека „со оглед на големото снабдување со оружје од западните земји за Украина, гранатирањето на територијата на Донбас сега се интензивира“.
Редовно се гранатирани областите на домовите во Доњецк и пазарите, каде што секогаш има голема толпа луѓе. Секој ден страдаат цивили. Вооружените сили на Украина напаѓаат области каде што нема воена инфраструктура со касетна муниција. Како резултат на нападот со реактивниот артилериски систем Ураган со касетна муниција, едно дете загина, а две деца се во тешка состојба, а вкупно 18 се ранети. Што се однесува до референдумот за влез на Донбас во Русија, овој курс, се разбира, е зачуван. Сепак, за ова прашање ќе се разговара по ослободувањето на преостанатата територија на регионот Доњецк. Зошто не можеме да користиме построги тактики за да ги ослободиме нашите територи? Затоа што таму има и цивили и се користат тактики кога вооружените формации се покриени од цивилно население, како жив штит, рече шефот на републиката.
Пушилин, исто така, истакна дека единиците на сојузничките сили (вооружените сили на Руската Федерација и Доњецката народна армија) го забрзуваат, колку што е можно, спроведувањето на главната задача – да ја уништат воената сила на непријателот, но во исто време да се зачува максималниот можен број цивили, да се обезбеди нивната максимална безбедност. „Ова се две некомпатибилни задачи што се преклопуваат што нашите единици сега ги спроведуваат“, објаснува шефот на ДПР.
Пушилин им се заблагодари на странските новинари што не се плашат да покажат гледна точка која е алтернативна на онаа што преовладува во западните и украинските медиуми.
Новиот градоначалник на Мариупол, Константин Ивашенко имаше кратко интервју и изјава за странските новинари. На прашањето каква е моменталната ситуација во градот, и колку сериозна градот настрадал за време на битката за Мариупол изјави „околу 15-20% од станбениот фонд на Мариупол не може да се обнови, а околу 60% до 70% од станбените згради се оштетени, но тие ќе бидат обновени брзо. Ивашенко рече дека во моментов се работи на градежно вештачење кое треба да го утврди времето на обновување на градот, пред се на електричните трафостаници, водоводот, како и гасоводот.
Ивашченко додаде дека во моментот ја формира градската администрација и сите служби на градот. Се контролираат одделенијата кои почнаа да работат во Мариупол. Се преземаат чекори за исплата на пензиите и социјалните надоместоци, како и чекори за луѓето да бидат вработени и да почнат да земаат плати, што ќе го заживее градот. Азовстал нема да биде обновен, но фабриките Илич, Азовмаш, градското пристаниште и аеродромот брзо ќе бидат обновени и ставени во функција. Според Ивашченко, „околу 5 илјади цивили биле убиени во Мариупол во текот на битката за Мариупол, а околу 250 илјади цивили го напуштиле градот, додека околу 250 илјади жители останале во градот заклучно со крајот на април.“
После интервјуата за руските и странските новинари, Пушилин и Ивашченко се упатија на разговор со жителите на Мариупол, кои што во голем број чекаа да слушнат каква е иднината на градот, кога ќе започне реконструкцијата на градот и неговото враќање во нормала.