Левичарскиот институт РАЦИН организира проекција на филмот „Битката за Севастопол“
Утре на 10.05.2022 со почеток од 19 часот во Културно Информативен Центар – Скопје (Салон 19:19), ќе се одржи проекција на филмот „Битката за Севастопол“ , каде што влезот ќе биде бесплатен.
Проекцијата ќе се одржи по повод Денот на победата над фашизмот, кога во 1945-та година, со потпишувањето на капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна.
Денот на победата над фашизмот стана најважната пресвртница, не само во 20 век, туку и во целата светска историја, после кој народите на Европа, кои во текот на Втората светска војна минаа тешки денови во заробеништво, доживувајќи огромни загуби и болка, се почувствуваа ослободени од кошмарот на фашизмот и нацизмот.
Филмот „Битката за Севастопол“ е украинско-руски игран филм, во режија на Сергеј Мокрицки, снимен во 2015 година. Во него се раскажува судбината на легендарната жена снајперист од 25-тата дивизија на Црвената армија, Поручник Људмила Павличенко, која е херој на Советскиот Сојуз како најефикасната снајперистка во Големата патриотска војна и нејзиното учество во одбраната на Севастопол.