Израел апси Палестинци без обвиненија
Според израелската група за човекови права ХаМокед, Израел во моментов држи околу 600 Палестинци под административен притвор. Бројот на притворени лица е најголем од 2016 година, кога Палестинците влегоа во вооружен отпор како знак на протест против тековната колонијална експанзија на Израел.
Во март годинава, Израел издаде 195 налози за административен притвор, од кои 107 нови, а останатите и претходно биле притворани. Административниот притвор во пракса значи одредување на притвор, без конкретно обвинение, без определена основа, и без судење, најлошо од се е тоа што никој од притворените не знае до кога е во притвор.
И покрај неколкуте меѓународни опомени, главно од организациите за човекови права, како и подигањето на свеста за политиката во меѓународната заедница, Израел не се соочува со какви било изразени критики, а камоли со некакви последиците за кршењето на човековите права врз затворените Палестинци.
Од јануари оваа година, Палестинците ги бојкотираат воените судови на Израел, кои го сметаат административниот притвор како оправдана законска мерка. Бидејќи безбедносниот наратив на Израел доминира во државните (и меѓународните) институции, затворените, Палестинци се лишени од правото да знаат за што се обвинети, дѝо нив не се доставени никакви докази за обвинувањата со кои се соочуваат.