АктуелноЛокалноСтав

Европа молчи

  • Фејсбук статус на професорот Љубомир Цуцулоски

Маркс запишал дека луѓето ја создаваат својата историја. Меѓутоа, веднаш додал дека не ја создаваат според својата волја, бидејќи духот на мртвите генерации како мора го притиска мозокот на живите.

Тоа значи дека мртвите не се само мртви, туку дека живеат преку сега-живите, како што и минатото не е само минато, туку се чувствува и во сегашноста.

Очигледен пример се сегашната бугарска држава и политика, бидејќи во нив и натаму живее духот на некогашната бугарска држава. За нив Делчев и Македонците не се ништо друго освен Бугари.

Тоа значи дека бугарската политика ѝ робува на старата бугарска политика. Таа и понатаму е заробеник на минатото. Духот на минатото како мора доминира со духот на сегашноста. Европа молчи.