Ванчо Михајлов е еден од најголемите крвници на македонскиот народ
- Фејсбук статус од партијата на Македонците во Бугарија – ОМО Илинден Пирин.
Во сабота во Битола, среде Македонија, ќе се отвара бугарски клуб кој ќе го носи името на Ванчо Михајлов – еден од најголемите крвници на македонскиот народ.
Ванчо Михајлов е еден од најгнасните бугарофилски крвници и џелати, по чија заслуга се убиени над 300 македонски патриоти во познатите Џумајски (Септемвриски) колежи во 1924 година.
Ванчо Михајлов ја извршил најгнасната задача за ликвидација на стотиците Македонци, во соработка и поддршка од тогашната бугарска власт!
Во тие случувања под лажно обвинение дека го организирале убиството на Тодор Александров, (иако убиството на Александров е организирано од самиот Михајлов за да дојде на чело на ВМРО), се убиени или заклани најголемите тогашни МАКЕДОНСКИ СИНОВИ како Владислав Ковачев, Арсениј Јовков, Александар – Алеко Василев, Стојо Хаџиев, Димо Хаџи Димов, Георги Скрижовски, Методи Алексиев, Васил Попстојанов, Ангел Василев итн итн.
И сега дочекавме во Битола, среде Македонија, да биде отворен клуб на најгнасниот крвник и џелат на Македонците!
Тоа е исто како во некој европски град кој пострадал од фашистите да се отвори клуб во кој се слави Адолф Хитлер!
Каде одиш Македонијо?