Македонците во Пирин чествуваа 107 години од смртта на великанот Јане Сандански
„Во организација на здруженијата на македонското малцинство во Бугарија, денес во Мелник беа одбележани 107 години од смртта на македонскиот ревоуционер, Јане Сандански.
Настанот помина без претставници од македонската влада, а единствен политичар од Македонија, кој се поклони на гробот на Сандански беше претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Од Левица порачаа дека кога квинслишката власт на СДС и ДУИ го промовира неоврховизмот и се потчинува пред негаторските политики на официјална Софија, санданистичките идеали се стожерот на националната слобода и самобитноста на македонскиот народ.
Обраќање имаше и претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски. Тој истакна дека Македонците во Албанија се под притисок на антимакедонската активност на Бугарија, која злоупотребувајќи го членството во Европската унија, не избира средства за негација и асимилација на Македонците во Албанија. Стерјовски ги осуди обидите од страна на Бугарија, која на секој начин сака да ја искористи сиромаштијата во областите каде живеат Македонците во Албанија, во намерата да ги прикажи како бугарско малцинство.
На настанот присуствуваа здруженија од Македонија, како и навивачката група Комити, која скандираше „Никогаш Северна.” Од здружението на Македонците во Бугарија „ОМО Илинден Пирин” реагираа дека од бугарската полиција не им било дозволено да постават озвучување.
Додека бугарската потпретседателка Јотова денес од Охрид порача дека во Бугарија не постои македонско малцинство, го споделуваме овој перформанс од денешниот настан, каде Македонците во Бугарија ја изведија песната „Јас сум чисто Македонче.”