АктуелноИнтернационално

Поранешниот претседател на Буркина Фасо, Блез Компаоре е осуден на доживотен затвор

Поранешниот претседател на Буркина Фасо, Компаоре е осуден на доживотен затвор, во отсуство, за соучество во убиството на неговиот претходник, Санкара. Томас Санкара е маркистички револуционер кој ја има репутацијата на африканскиот – Че Гевара. Тој беше застрелан во главниот град Уагадугу во 1987 година, на 37 годишна возраст, 4 години откако ја превзеде власта во претходниот пуч.

Двајца од поранешните врвни соработници на Компаоре, Хјацинде Кафандо и Жилберт Диндере, исто така беа осудени на доживотен затвор.