Дали во Европа сѐ уште постои нацизам?
По започнувањето на конфликтот во Украина, имаше бројни основани тврдења за постоење на нацистички движења во земјата, како и за постоење на нацистички вооружени сили. Овој податок беше негиран како од самата Украина, така и од земјите од Западот. Но, по отпочнувањето на воената операција, ваквите обвинувања се потврдија, а дел од доказите се лесно достапни за јавноста и покрај наметнуваната цензура.
Она што се очекуваше како реакција од светската јавност, а пред сѐ од политичка фела и меѓународни организации, беше да бидат осудени нацистичките движења и дејствија и да се бара нивно разоружување. Но, ова не се случи, по што се поставува прашањето: Дали во Европа сѐ уште постои нацизам и дали дел од нивните „борци“ се наоѓаат токму во националните и меѓународните институти на управување?
Историјата до сега има покажано бројни примери, кога нацистички дејци биле на високи раководни позиции како што се НАТО, ЕЗ, ООН или некои други репрезентативни меѓународни организации.
Еве само неколку примери:
Германскиот воен офицер Адолф Хеусингер (4 Август 1897 – 30 Ноември 1982) чија кариера опфаќа работа во делови од Германската империја, Републиката Веимар, Нацистичка Германија и Западна Германија. Се приклучил на Германската армија како волонтер во 1915 година, а подоцна станува професионален војник. Тој бил назначен како операционен шеф при Високата Команда на Германската армија во нацистичките германски армиски сили од 1938 до 1944 година. Пред да биде назначен како началник на генералните сили за две недели во 1944 година, откако неговиот претходник (Курт Зеитцлер) се повлекува од функцијата поради нервен слом, Хеусингер станува генерал на Западна Германија и прв човек на Западнo-Германската војска од 1957 до 1961 година. Овој нацистички генерал е назначен за Претседавач на НАТО во Воената комисија од 1961 до 1964 година.
Валтер Халстајн бил Германски академец и дипломат кој бил првиот Претседател на Комисијата за Европската Економска Заедница и еден од основачите на Европската Унија.
Халстајн ја започнал неговата академска кариера во 1920 година во Републиката Веимар. Тој, со само 29 години станал најмладиот Германски професор по правни науки во 1930 година. Во текот на Втората светска војна служел како прв поручник на Германската армија во Франција. Заробен од страна на американската војска, во 1944 година, остатокот од војната тој го поминува како затвореник во воен камп во САД. За време на своето заробеништво тој организирал „Универзитетски камп’’ за неговите соборци.
По завршувањето на војната тој се враќа во Германија и ја продолжува неговата академска кариера, станува ректор на Универзитетот во Франкфурт во 1946 година и поминува една година како вонреден професор на „Џорџтаун“ универзитетот од 1948 година. Во 1950 година тој продолжува со дипломатска кариера, станувајќи првиот државен службеник на Германската канцеларија за надворешни работи, каде се фокусира на Халстаиновата доктрина, каде Западна Германија се одвојува од Источна Германија.
Курт Жозеф Валденхејм (21 декември 1918 – 14 јуни 2007) бил австриски политичар и дипломат. Валдхејм бил четвртиот Генерален секретар на Обединетите Нации од 1972 до 1981 година и претседател на Австрија од 1986 до 1992 година. Додека тој ја водел својата кампања за изборите во 1986 година, се открива за неговото присуство и учество во Грција и Југославија како разузнавач во нацистичка Германија во текот на Втората светска војна.